Капиларните системи спаѓаат во рамките на протетичките методи на капилициумот. На пациентот му се зема оттисок од местото на главата, каде недостига коса и се прави проекција на системот, односно каква фризура во перспектива би сакале да имате. Врз основа на тоа, во познатите капиларни центри рачно се изработува вашиот систем од природна човечка коса. Таа коса се обработува, анализира според свои карактеристики (боја, дебелина на влакното, еластичност, кадравост...), потоа се конзервира и чува во специјални комори под посебни микроклиматски услови, додека се појави потреба за нејзина употреба. Примероците од вашата косата се анализираат на ист начин, со цел врз основа на добиените параметрите да се најде во банката за коса онаа која е структурно речиси идентични со вашата. Системот ќе се испрати до нас и ние го вршиме вградувањето.

Овој метод е сосема безболен и не предизвикува алергиска реакција бидејќи вградениот систем не е хируршка процедура и системот веќе не се вградува во длабочината на кожата на главата. Системот едноставно е вграден помеѓу вашата коса, така што за вашата постоечка коса се врзуваат влакната од системот, односно вашата постоечка коса се провлекува низ системот и се меша со косата од системот. Онаму каде што нема ваша коса се применуваат други методи на фиксација и дури по вградувањето на системот се прави стилизирање, односно потстрижување и обликување на фризурата. Од тој момент вие сте човек кој има коса и многу брзо ќе почнете косата од системот да ја доживувате како своја, на ист начин како и кај пациенти со стоматолошки протетски решенија не ги делат своите заби во устата на оние кои им имаат израснато и оние кои им се вметнати, туку тие едноставно се нивни заби. Со оглед дека вашата коса е помешана со косата од системот, апсолутно е невозможно да се направи разлика, освен дека вашата коса расте, а косата од системот не. Затоа е потребно одвреме навреме да се усогласи нивната должина.

Тоа е исто така можност за зајакнување низ профилактичкиот третман врската со системот, како и со одредени препарати и процедури да се конзервира косата од системот, за истиот да трае подолго. Значи по вградувањето на системот вие добивате коса каква што сте посакувале, а колку долго тоа ќе биде убава и квалитетна зависи од вас. Ако ја негувате ќе трае со години (не заборавајте дека ова е нешто што е 24 часа на вашата глава, додека работите, се бавите со спорт, пливате, спиете ...). За тоа време, функцијата на скалпот е целосно зачувана и неоштетена, односно изводните канали на потните и лојните жлезди се нормални проодни и вашата коса може да расте нормално.

 

kapilarni sistemi

FaLang translation system by Faboba