Нормалниот циклус на раст на косата трае околу 2-3 години (анагена фаза). Секое влакно расте околу 1 см месечно во оваа фаза. Во секое време, околу 90% од косата на темето на главата е во пораст, а 10% е во фаза на мирување (телогена фаза). По 3-4 месеци влакната што биле во фаза на мирување опаѓаат, а на нивно место расте нова коса. Зголемено опаѓање на косата може да се јави во сите возрасти кај децата, жените и мажите.

Причини за губење на косата

Повеќето луѓе губат 50-100 влакна секој ден. Бидејќи на главата има околу 100.000 влакна, ова поминува речиси незабележано. Постепено истенчување на косата се смета за нормален дел од стареењето. Тоа може да се случи и како резултат на некоја друга болест: неколку месеци по лекување на болест, операција, породување, хормонални нарушувања (тироидни хормони, тестостерон, естроген), воспалување на забите, воспаление на внатрешните органи, анемија.

Лоша исхрана - недоволно внесување на одредени амино-киселини (цистеин, метионин), железо, бакар, цинк, некои витамини може да доведат до недостаток на подлогата за создавање на влакната.

Медицински третмани - хемотерапија и зрачење (радиотерапија), може да доведат до губење на косата. По третманот, косата почнува да расте.

Многу жени 3 месеци по породувањето приметуваат зголемено опаѓање на косата, кое е хормонско предизвикано. Оваа коса расте повторно кога хормоните ќе се вратат во рамнотежа.

Некои лекови предизвикуваат губење на косата (антикоагуланти, орални контрацептиви, антидепресиви, ретиноиди).
Габичната инфекција на скалпот може да предизвика губење на косата. Исто така, може да биде симптом и на друга болест, на пример лупус, анемија и затоа треба да се придаде внимание.

Tрајно и привремено опаѓање на косата

Медицинскиот термин за губење на косата е алопеција. Андрогена алопеција е најчестиот вид на постојана ќелавост, која ги погодува една третина од мажите и жените.

 

opadanje gubitak kose

FaLang translation system by Faboba