Др. Весна А. Игњатовиќ-Стојиљковиќ е директор и водич на експертскиот тим Др ВАИС и основач на првиот и единствен КАПИЛАРЕН ЦЕНТАР на Балканот, кој е светски признат по успешноста во лекувањето на алопеција и други проблеми со кожата на главата, односно капилициумот. Оргинално креираните анти-ејџ третмани по мерка на клиентот, како и специфичните методи за лекување на заболените нокти, го класифицираат естетик центарот Др ВАИС како прв меѓу оние кои го скршија мразот во медицински курсеви, како докажани “визионери“ на современата естетска медицина.

dr vais 01

Др ВАИС со воведување на најсовремени дијагностички процедури, како што е дермоскопијата и скенирање на кожата, како и оригиналналниот тераписки протокол во подмладување на кожата, лекување на проблемот на опаѓање на косата и деформација на нокатната плоча, стана брендирана и заштитена трговска марка, препознатлива на широкиот пазар, која гарантира квалитет на услугите, а секогаш водени со постулатот на Хипократовата заклетва: ДА МУ СЕ ПОМОГНЕ НА ЧОВЕКОТ!

Континуираната едукација на сите вработени, упорноста, издржливоста и пред се љубовта кон човекот, веќе 25 години се темели на оваа фирма, која пред себе има цел да биде еден од водечките поликлиники за естетска медицина во Европа.

Др Весна А. Игњатовиќ Стојиљковиќ – Др ВАИС е родена во Скопје. Основно и средно училиште, како и нижо музичко – отсек клавир, завршила во Бела Паланка со одличен успех. Медицински факултет завршува во Ниш, а како студент на генерацијата била и универзитетски стипендист со одличен просек. Знаење во областа на козметологијата и естетската медицина го стекнува во Париз, 1985-1986 и е еден од првите лекари естетичари во Европа. Работно искуство стекнува во Центарот за рехабилитација - Нишка Бања, како и на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Ниш, учејќи од најдобрите меѓу најдобрите. Амбицијата, упорноста и залагањето за постојано усовршување и подигнување на квалитетот на највисоко можно ниво, како и желбата да ги спои здравјето и убавината, во 1989 година ја ориентираат кон приватната пракса, а денес е сопственик на повеќе елитни Естетик центар во Србија и Македонија:

• Естетик Центар Александра – Ниш – 1990 год.
• Естетик Центар Др ВАИС – Кочани – 1999 год.
• Капиларен Центар Др ВАИС – Белград – 2003 год.
• Ординација за естетска медицина Др ВАИС – Водно, Скопје – 2005 год.
• Естетик Центар Др ВАИС – Дедиње, Белград – 2009 год.
• Естетик Центар Александра – Др ВАИС, Ниш – 2011 год.
• Ординација Александра – Др ВАИС, Скопје – 2012 год.

Др Весна А. Игњатовиќ-Стојиљковиќ (Др ВАИС) е активен учесник на многу конгреси и саеми (над 120). Зборува пет јазици и е долгогодишен соработник со познатата козметичко-медицинска куќа од Токио до Рим и Париз, а организатор е и на Првиот симпозиум на естетската медицина на Србија во 2003 година во Ниш, како и на многубројни хуманитарни активности. Др Весна на Првиот саем за козметика и здравје во Ниш, го доби највисокото признание на градот Ниш, статуетка Царицата Теодора за придонес и унапредувањето на козметиката и естетската медицина и лидерска афирмација на Ниш, во земјата и во странство. Минатата година, односно во 2015 е и добитничка на престижното признание"Најжена на XXI век".

Член е на многу стручни организации, меѓу кои се:
• Association Francaise de Medicine morpho – Esthetique et Anti – Age (AFME-aa)
• Association Medical Mondiale
• Les Nouvelles Esthétiques – France
• WOSIAM

Автор е на книгата “Козметика за мажи“, наменета за мажите со проблеми со губење на косата. Се појавува и како коавтор е на книгата на проф. Д-р Иван Кнајтнер, посветена на темата за полови болести кај мажите.

Пример (улога на модел) во животот: родителите лекари, (татко Александар - интернист и мајка Мирјана - педијатар).
Извор на енергија: синот Александар и целиот жив свет.
Целта кон која тежнее: здравје и убавина.
Пат до целта: знаење, работа и љубов.

 

dr vais 02

Mi sve možemo zajedno!

dr vais 03

dr vais 04

dr vais 05

FaLang translation system by Faboba