За надворешниот изглед на кожата најчесто одлучува најповршинскиот слој на епидермисот што се состои од изумрени клетки. Колку е подебел тој слој, кожата изгледа поуморно и постаро, доколки овој слој е потенок, кожата изгледа посвежо и помладо. Затоа е потребно, најмалку еднаш месечно да се отстрани задебелениот прв слој од површината на кожата. Оваа козметолошка процедура се нарекува пилинг и за оваа намена се користат супстанции, препарати или апарати. Сите видови на пилинг можеме да ги поделиме на механички, хемиски и биолошки. Ултразвучен пилинг припаѓа на механичките апаратурни процедури за отстранување на изумрените слоеви на кожата, на многу нежен, неиритирачки начин, па затоа е идеален за сува, дехидрирана кожа, кожа наклонета кон пукање на капилари, која не трпи други видови на пилинг, освен ултразвучен и биолошки.

ultrazvucni piling 01

Мрсна и проблематична кожа е исто така еден од главните индикатори за ултразвучен пилинг, бидејќи и таа е подложна на инфекции и појава на црвенило, по класичниот механички пилинг, без разлика дали е мануелно или со употреба на фриматор, абрадер и други апаратурни пилинг техники.

Ултразвучниот пилинг се врши со специјални електроди-шпатули:
- трапезоидни со фреквенција од 25 kHz, за силен пилинг на лицето и телото;
- коцкасти со фрекфенција од 28 kHz, за умерен пилиг на лицето и телото;

Со помош на ултразвучната алка која цврсто се фиксира околу рачниот зглоб на клиентот, се прави струјно коло. На овој начин, со помош на електричен односно волтажен метод на индукција, со прилагодување на волтажата, се спроведува многу слаба електрична струја во вашето тело, така што нечистотија и остатоците од козметичките производи од површината на кожата, лесно се отстрануваат со методата на дезинкрустрација.

ultrazvucni piling 02

Ултразвучната шпатула, благодарение на силните вибрации предизвикува од многу фина молекуларизација на течноста, претварајќи ја во пареа, која продира длабоко во кожата, ги отстранува комедоните, односно лојните чепови во внатрешноста на порите, а мртвите клетки од површината на кожата ги отстранува во вид на пареа.

Ултразвучен пилинг е идеален метод за чистење на кожата со акни, може да се повторува секојдневно до целосна санација на воспалението или до разбивање и празнење на белите комедони, преку постоечките отвори во кожата.

По ултразвучното чистење на кожата, отстранетите мртвити клетки, како и нечистотиите од и во кожата, јасно може да се видат ако сондата ја потопите во една чаша вода.

Хидратација на кожата по ултразвучниот пилинг, најдобро се постигнува со ампула со хијалуронска киселина. Со промената на поларитетот, ултразвучната активна супстанца влегува во подлабоките слоеви на кожата со помош на техниката “пеглање“ со ултразвучна шпатула.

Ултразвучните пулсни бранови ја ревитализираат кожата, а хидратантната ампула ја конвертира во пареа, со што таа длабоко продира во кожата.

Ултразвучните третмани даваат долготрајни и видливи резултати, бидејќи во исто време ја зголемуваат хидратација на епидермисот, го стимулираат сврзното ткиво, ја зголемуваат микроциркулацијата на крвта и лимфата и предизвикуваат тонификација на мускулното ткиво.

Затоа индикациите за ултразвучен третман се речиси бескрајни: акни, брчки, целулит, лузни, дамки, стрии...

 

FaLang translation system by Faboba