Др ВАИС центрите во Белград, Ниш и Скопје им нудат на пациентите најсовремени антиејџинг третман, што ги комбинираат најдобрите својства на мезотерапијата, хијалуронските филери и природниот ботокс. Користењето на различни комбинации на коктели во шприцот на искусниот лекар прави мали чуда што го доведуваат вашето лице во саканата хармонија.

Подготовка на кожата за мезолифт

По утврдувањето на прецизната состојби на кожата со скенероскопскиот апарат, лекарите се одлучуваат за видот и темпото на спроведување на третманот за подмладување на кожата. Во дијагнозата неопходно е да се исклучат латентните инфламации, габични, бактериски и вирусни инфекции на кожата, псоријаза, кожни тумори и други болести кои би биле контраиндицирани во спроведување на мезолифт третманот. Исто така, лекарот одлучува за видот на хигиенскостимулативниот третман што ќе биде еден вид на подготовка за мезолифтингот. Во овие третмани, акцент треба да се стави на ултразвучниот, биолошки, ензимски или механички пилинг, кој ќе го отстрани горниот слој на кожата и ќе овозможи подобра пенетрација на мезо-коктелот, а со стимулирање на микроциркулацијата ќе се овозможи подобра апсорпција.

mezolift 01

 

Како изгледа третманот?

Третманот вклучува поткожно аплицирање на коктели богати со хијалуронска киселина, глицерин, пептиди, амино киселини, витамини и многу антиоксиданси. Исто така, постои можност за фиксирање на брчките со специјално дизајниран коктел, кој со синергија од повеќе природни супстанци го имитира дејстовото на ботоксот, па затоа е наречен природен ботокс.

За кои индикации се применува?

Индикации за примена на овие видови третмани се опуштена кожа по линијата на вилицата, плитки и длабоки брчки на челото, околу очите и усните. По само еден третман доаѓа до обновување на кожата на клеточно ниво, се враќа изгубената хидратација, тонусот и јачината на кожата, таа станува подмладена, затегната, брчки, борите се незабележливи.

mezolift 02

Што после мезолифтот?

Физикалната терапија со сината светлина на LED светилката (ламбата), овозможува несаканиот ефект во вид на црвенило, што се јавува веднаш по третманот, да биде минимален за да може клиентот веднаш по третманот се врати на секојдневните активности.

mezolift 03

FaLang translation system by Faboba