Под влијание на факторите на животната средина (загадување на воздухот, пушењето, стресот, несоодветната исхрана ...), а и со текот на годините неминовно доаѓа до постепена редукција на колагенот и хијалуронска киселина во кожата. Со овој процес кожата ја губи својата дебелина и еластичност и добива се повеќе опуштен и уморен изглед. Еден од третманите што се користат со цел да го забават процесот на стареење е мезотерапијата. Мезотерапија е третман на индукција на колаген, познат многу години што воедно стана омилен меѓу жените и мажите. Услов за третман е кожата на лицето да е совршено чиста, што се постигнува со добар хигиенско-стимулативен третман.

mezoterapija 01

Мезотерапијата на лице во центрите на Др ВАИС исклучиво ја извршуваат лекари со помош на дермапен и директно вбризгување на коктелот. Прилагодување на брзината и длабочината на продирањето, овозможува снопот на иглички на главата од дермапенот, детално да ги третира сите регии на лицето. Неверојатни 50.000 микро-убоди покренуваат еден цел низ на природни процеси на зацелување, што доведуваат до продукција на колагени влакна и формирање на нови крвни садови. При секој убод се создаваат мезопори што преставуваат директен премин во средниот слој на кожата за активните супстанци од мезо-терапискиот коктел. Тоа се пред се’ витамини, амино-киселини, минерали, коензими, нуклеински киселини, хијалуронска киселина...

mezoterapija 01

mezoterapija 02

По првиот третман кожата е посвежа, поцврста, посјајна и пополна. По 40 дена се гледаат првите резултати, како резултат на синтетизираниот колаген. Може да се работи кај сите типови на кожа на лицето, вратот, деколтето... Нема контраиндикација за третманот. Мезотерапија дава одлични резултати во третирањето на кожата со хиперпигментација, лузни од акни, кај кожата на пушачите и кај кожата склона на пукање на ситни капилари. Првите три третмани се спроведуваат секој месец, а потоа четири пати во годината по еден третман.

mezoterapija 01

 

FaLang translation system by Faboba