Мезопорацијата е третман со кои по пат на наизменични струи од одредена фрекфенција се внесуваат биоактивни супстанции што со класичната примена, тешко или речиси никогаш не може да се аплицираат длабоко во мезодермот. Утврдено е дека при ваквото нанесување на препаратите, како и кај примената на досегашните биолошки третмани, речиси околу 10% од активната супстанција продира во подлабоките слоеви на кожата. Исто така, познато е дека одредени биоактивни супстанци, со голема молекулска структура не можат да навлезат низ кожата. Мезотерапијата без игли, односно мезопорацијата, сепак овозможува апсорпцијата на примените активни супстанции (хијалуронска киселина, колаген, витамини и други био-стимуланси), да се зголеми до 99% на длабочина од 1 cм или до 65% на длабочина од 6 см, што обезбедува навистина извонредна можности во различни естетски третмани.

Третманот мезопорација се препорачува за кожа од 20 до 70 години, бидејќи според типот на кожата се користи соодветен коктел. Времетраењето на третманот е од 15 до 20 минути Се препорачува серија од 4 третмани, по еднаш во неделата за да се постигнат најдобри резултати.

Механизам на делување

Клеточната мембрана е составена од двоен липиден слој, што ја дели цитоплазмата (во која најчесто се одвиваат сите процеси на хемиско разградување на хранливите материи и создадавање енергија потребна за сите клеточни функции и животни активности), од надворешната содржина. Преку липидната клеточна мембрана, молекулите може да преминат преку дифузија кон строго дефинирани биохемиски и електрофизиолошки услови. Составен дел од структурата на овој двоен слој се “протеинските пори“ или “хидрофилните канали“, кои имаат функција да овозможат премин на малите молекули и јони низ клеточната мембрана, која на поинаков начин не може да биде премината. Пред неколку години беше откриено дека овие “канали“ може да бидат краткотрајно активирани, односно отворени и дополнително проширени со посебни физички импулси, со кои се делува на клетката со постапка што се нарекува електропорација.

Поради тоа електропорацијата е феномен индициран со дејство на специфични електрични импулси со точно одредени карактеристики на клеточната мембрана, кои можат да генерираат привремени хидрофилни (водени) канали – мезопори, така што активните супстанци, без разлика дали се работи за козметички препарати или лекови, може преку нив да навлезат во клетката.

Зошто мезотерапија без игли?

Бидејќи мезотерапија без игли (мезопорација) е апсолутна и најмодерна алтернатива на класичната мезотерапија за лица кои поради страв од игли ја избегнуваат класичната мезотерапија, а сакаат да го решат проблемот со опуштната кожа, брчки, дамки, акни, целулит и стрии. Мезопорацијата е процес кој овозможува влез на активни материи во ткивото во длабочина еднаква со мезотераписките инекции.

На кој принцип работи мезотерапијата без игли?

Мезатерапискиот третман се базира на 4 модалитети од кои за разбирање на самиот процес на делување, најзначајна е електропорацијата или мезопорацијата. Под влијание на пулсовите наизменични струи се создава електромагнетно поле под чие влијание се формираат привремени водени канали-мезопори и тоа точно во заштитниот липиден слој помеѓу епидермисот и дермисот, што овозможува влез на активни материи во длабоките слоеви на кожата.

 

 

mezoporacija

 

FaLang translation system by Faboba