Криотерапијата е контролирана деструкција на ткивото со замрзнување на течен криоген. Претставува користење на ладното за терапевтски цели. До оштетување на ткивото доаѓа поради формирањето на интрацелуларниот и екстрацелуларниот лед.

Промената на замрзнување и одмрзнување води до прекин на клеточните мембрани. Фосфолипидите и протеините се денатурираат, доаѓа до исхемија на капиларите, артериолите и венулите и нивната оклузија на тронбусите. Последица на сево ова е некроза на ткивото. Криотерапијата е ефикасен метод за лекување на голем број на кожни промени (вирусни брадавици, дерматофиброми, хипертрофични и келоидни лузни, себороична кератоза, васкуларни промени).

Криотерапијата бидејќи добро се толерира од страна на пациентите, погодна е и во детската возраст. Др ВАИС центрите се еден од ретките на Балканот што криотерапијата ја спроведуваат со криопен. Овој апарат наликува на големо пенкало, во него се наоѓа ампула со течен азот (87%), овозможувајќи прецизно замрзнување на клетките дури и до -89oC, без несакани ефекти. Третманите се повторуваат на секои 7 до 14 дена, а траат 2-3 минути.

 

krioterapija

FaLang translation system by Faboba