Intense Pulsed Light е моќен извор на светлина со широк спектар на емисии од 560-1200 nm и методи за рејувенација (подмладување) на кожата кој се базира на моќни емисии на контролирана светлосната енергија. Импулсот на силниот светлосен бран, кој се емитува во кратки временски интервали во форма на флеш и е во директен контакт со кожата, се апсорбира во ткивата од страна на пигментните структури и меланин во самата кожа, хемоглобинот во капиларите и таа светлосна енергија се трансформира во термичка енергија со прогресивни ефекти во рејувенацијата.

Современата фотодинамска технологија потврдува дека светлината на различни бранови должини влијае на активноста на фибробластите, со зголемување на нивната активност, активирајќи ја цитохромската C - оксидаза во митохондриите на клетките кои произведуваат електрична енергија за брзо синтеза на ДНК и РНК, како и отстранување на мртвите клетки на епидермисот.
Современите IPL уреди, без разлика што на силна топлина на ниво на пигментирано ткиво прогресивно ги “палат“ означените клетки, не го оштетуваат околното ткиво, бидејќи имаат специфичен начин на распространување на топлина и ладење на третираната површина на кожата, која не само што ја жтити кожата од изгореници, туку го намалува и субјективното чувство на болка во вид на пецкање.

По третманот не се користи шминка и други препарати за нега на кожата 24 часа. Лицето се мие само со вода. Ако се појави чувство слично на пецкање на кожата после сончање, користите 30 минути ладни облоги или мраз.

Активните инфекции на кожата, дерматитис, егзема, херпес тип 1 и тип 2 се контраиндикации за вршење на IPL третман. Примена на Roakutan во последните шест месеци, многу темна кожа, изгореници од сонце, бременост, се релативни контраиндикации и ние се оградуваме од IPL третмани во тој временски период.

Полето на индикации е многу широко. IPL рејувенацијата дава одлични резултати во лекувањето на: бенигни пигментни лезии (дамки, дамки од сонце, постородилни дамки, старечки дамки и други пигментациии), васкуларни лезии на лицето (розацеа, проширени пори и лузни од акни), несакани влакна на лицето и телото, опуштена кожа на лицето и вратот, деколтето и рацете, анти-ејџ третман на брчките, бидејќи стимулација на производството на колагенот е силно изразена по IPL рејувенацијата - кожата е поблескава, посвежа и брчките се поплитки.

IPL третманот се прави во со серија од 5 третмани во период 3 недели до еден месец. Третманите се исклучително удобни, неинвазивни и траат само неколку минути.

Пред првиот IPL третман на секој клиент му се зема детална анамнеза, со скенероскопски преглед на кожата и регијата која ќе биде третирана и дијагностички третман на лице со кој кожата на најдобар начин се припрема за IPL рејувенацијата, а клиентот се запознава со сите процедури и понатамошната домашна нега.

FaLang translation system by Faboba