Целата структура на телото се утврдува со биоелектрична импеданса со помош на In Body анализаторот на телесната структура, кој обезбедува прецизни податоци за количината и односите на одредени видови на ткиво во организмот. Со помош на специјален метод на анализа на реактивноста, овој систем користи 6 различни фреквенции низ 5 телесни сегменти, со цел да се добијат сеопфатните вредности и целосно да се разликува секој од сегментите на телото и нивниот меѓусебен однос.

inBody 02

Врз основа на квалитативните и квантитативните карактеристики на електричната спроводливост на ткиво, можно е за целото тело или одделни делови, со голема прецизност да се одреди количината и распределбата на масното и мускулното ткиво, вкупната количина на вода во телото, односот на екстрацелуларната и интрацелуларната течност, количината на протеини и минерали во организмот и така натаму.

inBody 03

Во прилог на овие индикатори, биоелектричната импеданса обезбедува информации за фазниот агол на протокот на енергија низ клетките, едемските структури (отоци), различните телесни индекси, трошењето на енергијата на телото за време на мирувањето (базален метаболизам), односот помеѓу левата и десната страна на телото и износот на висцералните масти. Ваквите тестирања се особено важни за деца и млади спортисти, со цел да се потврди усогласеноста и развој на коскеното, мускулното и масното ткиво во фазата на забрзаниот физички раст и развој, кога поради неправилното работење и запоставување на одделни фактори на созревање, може да дојде до негативни и штетни, често трајни промени на локомоторниот апарат и метаболизмот.

Добиените податоци овозможуваат прецизно програмирање на режимот на исхрана и усогласување со одредени програми.

 

inBody aparat 01

FaLang translation system by Faboba