Денешното темпо и стил на живот, стресот, неправилната исхрана, пушењето, загадувањето на животната средина и стареењето, оставаат траги на кожата во вид на брчки, ситни и длабоки, ослабен тонус, опуштена кожа. Под влијание на овие фактори, а и со текот на годините, доаѓа до постепена редукција на колаген и хијалуронска киселина во кожата. Со ова кожата ја губи својата дебелина и еластичност.

Естетскиот центар Др ВАИС нуди можност за примена на најсовремени медицински процедури за подмладување на кожата на лицето, како начин за забавување на процесот на стареење на кожата.

Еден таков третман со кој нашиот центар може да се пофали е третманот со фракционирани радиобранови во комбинација со мезотерапија или како што е познато и популарно во светот, “Vampire Dracula Facelift“.

iFRAX е на водечката позиција на естетско-медицинскиот пазар. Како најнов и најнапреден апарат на нашите простори во рацете на лекарите од Др ВАИС центрите, обезбедува високи перформанси во краток временски период.

iFRAX апаратот го комбинира ефектот на дермостампот и енергијата на радио-брановите. Дермостамп – микроиглите влегуваат под прав агол, го повредуваат колагенот при строго контролирани услови и излегуваат од кожата без оштетување на епидермисот. Постапката доведува до регенерација и de novo синтезата на колагенот и еластинот, а енергијата од радиобрановите - биполарно, неаблативни енергија, преку микроиглички директно се аплицира во дермисот, а при поминувањето низ епидермисот не ја оштетува површината на кожата, доведува до загревање на колагенот и забрзување на локалниот метаболизам.

Третманот нуди можност за индивидуално прилагодување на секој пациент и на тој начин обезбедува максимална ефикасност. Во зависност од регијата што се третира, можно е дигитално да се промени на длабочината на пенетрацијата на иглата во ткивото.

Индикациите се многубројни. Можат да се користат за третман на брчките, површински и длабински, зголемени пори, затегнување на кожата, отстранување на лузни од акни, избелување, враќање на тонусот, стрии.

Предности на iFRAX третманот: директна апликација на радио-бранови во дермисот, практично без ризик од изгореници и хиперпигментација, зачувување на епидермисот овозможува комбинацијата на овој третман со други неинвазивни и нехируршки процедури.

Третманите препорачливо е да се прават на секои три до шест недели, во серија од пет третмани.

Првите резултати се видливи веднаш по завршувањето, што се должи на интензивно производство на фактори за раст и контракција на колаген, а долгорочото ремоделирање и синтезата на еластинот и колагенот се случува во период од еден месец.

Овој третман е достапен само во неколку европски центри, а естетскиот центар Др ВАИС може да се пофали дека е еден од нив.

iFRAX laser 

FaLang translation system by Faboba