По две ипол децении искуство, можеме со сигурност да кажеме дека хигиенскиот третман на лице е основа за успешно лекување на акни, розацеа, себороичен дерматитис и други кожни болести. Не може да се замисли спроведување на современи техники на подмладување без претходно “чистење“ на лицето. Хигиенскиот третман на лицето во центрите на Др ВАИС претставува многу повеќе од истискување на митестерите.

Покрај површинското чистење, озонирање, длабинско чистење и маска, нашиот третман вклучува серија на физикални постапки кои се пропишани од страна на лекар при прегледот. Високо квалификувани терапевти и медицински сестри го спроведуваат хигиенскиот третман, со евентуален надзор и консултации со лекарот кој ординирал.

Ултразвучниот пилинг ќе се вклучи како површинско чистење на лицето, кај кожата склона кон појава на ситни липоцисти, длабоко комедони...

По длабинското чистење, во зависност од состојбата на кожата, може да се примени сонофореза-ултразвучна апликација на медикаменти или козметика или мезопорација (апликација на споменатите супстанци со помош на наизменична струја). На овој начин кожата длабински се третира. По маската третманот може да продолжи со ласер или LED светилки (ламби), оксигенотерапија, во зависност од тоа дали сакаме да го смириме инфламаторниот процес или реакцијата на третманот или да го поттикне регенеративниот процес.

Хигиенскиот третман на лицето трае помеѓу 90 и 120 минути, во зависност од состојбата на кожата.

higijenski tretmani lica

FaLang translation system by Faboba