Др Весна А.Игњатовиќ Стојиљковиќ-Др ВАИС, генерален менаџер на Др ВАИС брендот

 vesna ignjatovic

Др ВАИС е родена во Скопје. Основно и средно училиште, како и нижо музичко – отсек клавир, завршила во Бела Паланка со одличен успех. Медицински факултет завршува во Ниш, а како студент на генерацијата била и универзитетски стипендист со одличен просек. Знаење во областа на козметологијата и естетската медицина го стекнува во Париз, 1985-1986 и е еден од првите лекари естетичари во Европа. Работно искуство стекнува во Центарот за рехабилитација - Нишка Бања, како и на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Ниш, учејќи од најдобрите меѓу најдобрите. Амбицијата, упорноста и залагањето за постојано усовршување и подигнување на квалитетот на највисоко можно ниво, како и желбата да ги спои здравјето и убавината, во 1989 година ја ориентираат кон приватната пракса, а денес е сопственик на повеќе елитни Естетик центар во Србија и Македонија:

Естетик Центар Александра – Ниш – 1990 год.
Естетик Центар Др ВАИС – Кочани – 1999 год.
Капиларен Центар Др ВАИС – Белград – 2003 год.
Ординација за естетска медицина Др ВАИС – Водно, Скопје – 2005 год.
Естетик Центар Др ВАИС – Дедиње, Белград – 2009 год.
Естетик Центар Александра – Др ВАИС, Ниш – 2011 год.
Ординација Александра – Др ВАИС, Скопје – 2012 год.

Др Весна А. Игњатовиќ-Стојиљковиќ (Др ВАИС) е активен учесник на многу конгреси и саеми (над 120). Зборува пет јазици и е долгогодишен соработник со познатата козметичко-медицинска куќа од Токио до Рим и Париз, а организатор е и на Првиот симпозиум на естетската медицина на Србија во 2003 година во Ниш, како и на многубројни хуманитарни активности. Др Весна на Првиот саем за козметика и здравје во Ниш, го доби највисокото признание на градот Ниш, статуетка Царицата Теодора за придонес и унапредувањето на козметиката и естетската медицина и лидерска афирмација на Ниш, во земјата и во странство. Минатата година, односно во 2015 е и добитничка на престижното признание"Најжена на XXI век".

- Член е на многу стручни организации, меѓу кои се:
Association Francaise de Medicine morpho – Esthetique et Anti – Age (AFME-aa)
Association Medical Mondiale
Les Nouvelles Esthétiques – France
WOSIAM

- Автор е на книгата “Козметика за мажи“, наменета за мажите со проблеми со губење на косата. Се појавува и како коавтор е на книгата на проф. Д-р Иван Кнајтнер, посветена на темата за полови болести кај мажите.

- Пример (улога на модел) во животот: родителите лекари, (татко Александар - интернист и мајка Мирјана - педијатар).
- Извор на енергија: синот Александар и целиот жив свет.
- Целта кон која тежнее: здравје и убавина.
- Пат до целта: знаење, работа и љубов.

FaLang translation system by Faboba