- Најкраткиот пат до успешен третман е поставувањето на точна дијагноза, па затоа пред било која терапевтска постапка е потребно да се направи темелен анамнестички - дијагностички преглед со помош на скенероскоп, најнов апарат на современата дијагностика, за површинска и длабинска анализа на кожата и косата. Овој апарат има можност за поврзување со ТВ или компјутерски монитор, така што зоните што ќе се набљудуваат може да ги видат и самите клиенти, односно пациенти и на тој начин да се уверат во веродостојноста на наодот, што може да биде снимен како видео запис, во софтверска програма и да користи за споредување на ситуацијата пред и после третманот, односно терапијата.

SSK za FB

 

Скенероскопот е комбинација од видео-микроскоп, односно камера која овозможува следење на промените на површината на кожата со различни зголемувања и силен светлосен флукс, што ја прави кожата транспарентна, овозможува директно набљудување на нејзината содржина на различни нивоа, односо скенирање на кожата, па затоа и се нарекува скенероскоп. Апаратот се состои од куќишта во кои се инсталирани програми за скенирање и скопирање во зависност од леќата (објективот) што се користи.

skenerskop smp

1. Леќа (објектив) 1x служи за реален приказ на сликата на ТВ или компјутерскиот екран. Со оваа леќа (објектив) воглавно се набљудува состојбата на кожата или косата видлива со голо око, бидејќи тука односот е 1:1, односно нема зголемување. Оваа леќа (објектив) се користи по избор, ако сакаме да видиме како нечија шминка или фризура изгледа на екранот или како тоа лице изгледа без шминка, односно дали се воочуваат проширени пори, флеки, акни, брчки... Слободно може да се каже дека оваа леќа (објектив) е за проверка на стајлинг.

2. Леќа (објектив) 50x подобро гледа од нашето око, бидејќи површината што ја набљудуваме се зголемува за 50 пати и служи за глобална инспекција на кожата и косата, односно за пократко време да се прегледа целата површина и да се добие општ впечаток за состојбата на набљудуваната регија, при што можеме да воочиме значајни промени што подоцна ќе ги погледнеме со леќа (објектив) со уште поголемо зголемување.

3. Леќа (објектив) 50x RN исто така зголемува 50 пати, но за дерматологија е од големо значење, бидејќи содржи поларизирана светлина, која овозможува да се создаде контраст помеѓу кожата и нејзините пигментни промени и промените во структурата, односно во одредена длабочина на кожата, што е од големо значење за проценување на состојбата на пигментните дамки, младежи, капиларни дифузии... Оваа леќа (објектив) е незаменлива за рано откривање на меланомите, пред канцерогените состојби на кожата, габични заболувања, витилиго, себореја и други заболувања на кожата и косата.

4. Леќа (објектив) 200х е најзначајна за капилитологијата бидејќи благодарение на зголеменоста од 200х (пати) и силниот светлосен флукс, ја прави кожата транспарентна. Овозможува скенероскопско надгледување на латентните и активни фоликули, како и влакната во почетната фаза на растот, односо овозможува увид во целосниот потенцијал на капилициумот (скалопот).

5. Леќа (објектив) 650х е наменета за надгледување на самата структура на влакната, односно нивната обвивка, кортексот и медулата. Со помош на оваа леќа се откриваат постоечките аномалии во структурата на влакното или хемиските оштетувања како последица од некои фризерски процедури.

6. Леќа (објектив) 320x е специјално дизајнирана за анализа на микроциркулацијата на нивото на кожата. Со оваа леќа (објектив) може да се види формата и цврстина на крвните садови, брзината на протокот на крв во периферната циркулација, надгледувајќи го протокот на крвта на врвовите од прстите.

7. Леќа (објектив) 17x е наменета за иридолошкта дијагностика. Се состои од конусен корпус на чиј врв се наоѓа сунѓераст прстен, кој треба да овозможи создавање на темна комора за окото, односно ирисот и специјална леќа (објектив) на дното на лупата низ која поминува силен зрак на светлина предизвикувајки солзење на зеницата, односно проширување. На тој начин овозможува во живо, а подоцна и на снимката, да се анализира структурата на ирисот, откривајќи го скриениот фокус или постоечките оштетувања во органите или низ целото тело, што се рефлектираат во одредени области (зони) на ирисот.

8. На крајот, најновите тип скенероскоп - ЅМР содржи уште една леќа (објектив) за анализа на процентот на масти - влага и пигмент. Ова е од големо значење за верификација на напредокот-резултатот постигнат во спроведувањето на терапија. Снимката од ЅМР анализата на почетокот и на крајот од третманот, односно терапијата е најдобра и најсигурна потврда за постигнатите резултати. Интелигентниот уред за детална анализа на кожата и косата – скенероскопот ЅМР е најдобар партнер во бизнисот на професионални и постојано едуцирани професионалци кои постојано сакаат да дознаат и да видат што повеќе и што подобро, бидејќи непогрешливо ги отвара очите на оние кои знаат да гледаат.

 

FaLang translation system by Faboba