ДИГИТАЛНА ДЕРМОСКОПИЈА

Др ВАИС со воведување на најсовремени процедури стана препознатлив и светски признат центар во дијагностицирање на проблеми со кожата, косата и ноктите. Стручниот тим на лекари и здравствени работници со години се занимава со оригинални терапевтски постапки за подмладување на кожата, проблеми со губење-опаѓање на косата и деформација на нокатната плоча.

Денес е тешко да се замисли еден лекар или медицински центар кој е специјализиран за проблемите со кожата, а при тоа во дијагностицирањето да се потпира само на клинички преглед, без употреба на апарат-уред за подобра визуелизација на промената на и во кожата. Во Др ВАИС центрите покрај прегледите на кожа со најсовремениот дијагностички апарат - скенероскоп, кој овозможува состојбата на кожата да се види и до 650х (пати) зголемена, воведува и ДИГИТАЛНА ДЕРМОСКОПИЈА со софтверска анализа. Ова е безболна и неинвазивна метода со точност од 92% до 99%. Се користи за рано откривање на меланоми, рак на кожата, младежи и за сите останати пигментни промени на кожата. Се изведува со специјализиран инструмент кој овозможува не само микроскопија, туку и дигитална снимка. На снимката продолжува да се анализираат специфичните морфолошки структури кои не се видливи со голо око, но се од суштинско значење за утврдување на дијагнозата. Со овој метод се врши разграничување на пигментни промени на меланоцитни и немеланоцитни, како и поатамошно разграничување во рамките на овие групи. Дигиталната дермоскопија овозможува пресметување на дерматолошкиот скор, што е релативна оценка за карактерот на промената и ја одредува нејзината понатамошна “судбина“, потрабата од следење или отстранување. Снимката се чува и по некое време се споредува со новиот наод, ако има потреба може да се проследи кај стручњак на понатамошна проценка, се со цел поставување на исклучително точна дијагноза.

Меланомот, како еден од најмалигните тумори кај човекот, во последните две децении бележи значителен пораст во светот. Една од главните карактеристики на меланомите, поради што има "лоша репутација" е неговото непредвидливо однесување, затоа што може да се појави во облик на безопасен младеж (бемка) на кожата што наликува на брадавица, кератоза, раничка... Затоа е од фундаментално значење да се забелажат било какви промени што досега не сме ги имале, да не се игнорираат малите промени и промените кои не се болни. Во рамките на примарната превенција од тумур на кожата, потребно е да се заштитите од сонцето, да го избегнувате вештачкото потемнување на тенот, односно солариумот, со оглед дека кожата го памти и го забележува секој момент што сме го поминале на сонце и за тоа прави “запис“ што не може да се избрише. Затоа, во текот на целиот живот, почнувајќи од детството, мора да се преземат мерки на претпазливост во врска со изложување на сонце.

digitalna dermoskopijakompjuterska digitalna dermoskopija

Кој се’ треба да се прегледа?

Сите лица после пубертетот кои имаат многу младежи (бемки), посветла кожа, коса и очи и лесно “горат“ на сонце, треба да се направат дермоскопски преглед. Преглед на сите младежи(бемки) кои ја менуваат формата, големината, бојата, кои ве болат или чешаат. Треба да се обрне внимание на кожните промени стекнати по дваесеттата и четириесеттата година од животот, промените кои се издвојуваат и не личат на било кој од другите, многу темни младежи (бемки)и се разбира секој младеж (бемка), поради кој сте особено загрижени. Дермоскопијата има посебно значење кај луѓето кои имале меланом и кај членовите на нивните семејства.

Иако основната индикација на дермоскопијата е рано откривање на меланомите, исклучителна вредност има во следењето на кожата воопшто, како и на влакната, лојните и потните жлезди и ноктите, па затоа нашла своја примена во капилитологијата, козметологијата и подологијата.

Трихоскопијата ни дава подобар увид во обликот, бојата на косата, изгледот на нејзниата површина и постоењето на кршливост. Ни обезбедува податоци за структурата и овозможува да се направи разлика помеѓу нормалните и абнормалните влакна. Со дермоскопското гледање на самиот капилициум (скалп), фоликулите и фоликуларните отвори, можеме да го воочиме постоењето на инфламации, првут, наслаги на маснотија во фоликуларните отвори, габична инфекција или хемиски оштетувања на влакната и кожата.

Непроценливата вредност на дермоскопијата во козметологијата се гледа во можноста на согледување не само на она што е на површината на кожата, туку исто така и во подлабоките слоеви. Набљудување на васкуларните структури, лојните жлезди и воочување на воспалителниот процес додека се’ уште е во развој, овозможува и подобро дијагностицирање на акните, розацеа, себороичен дерматитис и други кожни состојби.

Со дермоскопот можеме да ги набљудуваме и ноктите, попрецизно да ја воочиме нивната површина, рабови, субугвалните простори, утврдувајќи го подобро постоењето на аномалија во растот и обликот на ноктите, присуството на инфекции, васкуларни или пигментни промени.

Главната задача на лекарот е превенција и откривање на патолошки промени уште на почетокот кога можноста за излекување е најголема. Од таа причина, е речиси незамисливо да не се користи дермоскопот што на искусниот и обучениот лекар му овозможува да го воочи она што на окото не му е достапно.

mladež - klinički izgled i dermoskopija  mladež - klinički izgled i dermoskopija

 

melanom - klinički izgled i dermoskopija melanom - klinički izgled i dermoskopija

FaLang translation system by Faboba