Враснатите ноктите може да се препознаат со појава на црвенило, оток, болка, а покрај ноктот многу често се забележува гранулација, што кај народот е позната како "диво месо", што на минимален допир на крвари.

Враснатите нокти настануваат како резултат на навлегување рабовите на ноктите во околното ткиво. До ова доведува лошото сечење на ноктите, носење тесни чевли, а други фактори на ризик се генетиката, прекумерна телесна тежина, често се јавува кај спортисти, професионални војници.

Враснатие нокти обично ги зафатуваат палците на нозете и во такви случаи, неопходен е медицински третман при кој се сече враснатиот дел, како и гранулацијата создадена околу него. Третманот не е болен и нема крварење. Ако палците се потечени и воспалени најчесто прво се препишуваат антибиотици до смирување на процесот, а дури по тоа се обработува нокотот. По омекнувањето на враснатиот дел на нокотот со помош на лосион кој исто така делува како благ анестетик на околното ткиво и со помош на екскаватор се врши препарирање на ноктите, односно се ослободуваат враснатите рабови на ноктите. Со специјални ножици се отстрануваат хиперкератолитичните наслаги околу ноктите, а ако има и гранулации, тие се третираат со кератолитички лосион, бидејќи во случај на ниво отсекување може да дојде до големи крварења. Со оглед на тоа дека се работи за медицинска обработка, а не корнење на ноктите, интервенцијата се врши само со отсекување на враснатиот дел од ноктите под одреден агол. Исечениот раб е остар и како таков уште повеќе ќе ги иритира околните ткива, па затоа се обработува со специјална конусна леќа и ротирачки абрадер. Така обработениот нокт овозможува околното ткиво да се регенерира, така што при повторно растење на ноктите, ноктната плоча го наоѓа својот вистинси пат.

 

urastao nokat 01

urastao nokat 02

FaLang translation system by Faboba