Печати

Современите техники со прецизни подолошки инструменти, долго време го имаат преземено приматот во решавање на многубројните проблеми на кожата и ноктите на стопалата. Задоволните пациенти станаа еден вид на гласници, кои овие процедури ги аправија омилени, а хируршка интервенција ја оставија зад себе во старите денови.

Инструментите специјално дизајниран за решавање на враснати ноктити овозможуваат сечење и отстранување (инцизија и екстракција), само на дел од ноктот што расте во околното ткиво, за само неколу секунди. Оваа речиси безболна процедура, на пациентот веднаш му носи чувство на олеснување. Со оглед дека нема "сечење и шиење на ткивото", пациентот веднаш се враќа на секојдневните активности. Бидејќи не постои манипулација во коренот на ноктите, не се менува ниту насоката на раст и обликот на нокотот, со што повторувањето на враснувањето е сведено на минимум. Должината на третманот зависи од многу фактори, пред се од обемот на проблемот, времетраењето на враснувањето, претходни интервенции, професија, дисциплина во спроведувањето на терапијата...

Курије окото и брадавиците слоевито се отстрануваат (киретиажа). Во случај на лекување на брадавици на табаните медицинската обработка се дополнува со електрофлугурација, односно со радио-бранови и криотерапија Cryopenom. Овие процедури на свој начин при високи или ниски температури доведуваат до деструкција на клетките инфицирани со хуман папилома вирусот што ја предизвикува болеста. Во зависност од комплексноста на проблемот, длабочината и површината што е зафатена со брадавици, третманот се повторува одреден број пати. Курије окото обично се решава со една до две обработки.

Сите подолошки процедури се минимално инвазивни, спроведени се исклучиво од страна на лекари и затоа се применливи во сите возрасни категории и во различни состојби (дијабетис, бременост...)

 

podoloske procedure 01

podoloske procedure 02

FaLang translation system by Faboba