Естетскиот педикир подразбира козметичи третман на стопалата и ноктите.

Стапалата се потопуваат во кадичка, која е наменета за овој вид на третман, во топла купка со миризлива сол. Задолжителна е употребата на заштитна хигиенска кеса, поради стерилност на кадичката. Таа овозможува озонска вибрациона масажа на стопалата. По десетминутната купка, започнува првата фаза на педикирскиот третман, односно длабоко отстранување на наслагите, а потоа следи втората фаза на сечење и длабинско обработување на ноктите.

По завршувањето на втората фаза следи дезинфекција на стопалата и ноктите, а на крајот на третманот со масажа се нанесува заштитен крем. Третманот е пријатен и трае 60 минути. Наменет е за здрави стопала. Во текот на педикирот, медицинската сестра, терапевт, високо едуцирана, користи исклучиво стерилни инструменти, а се со цел да се спречи развој на инфекции и болести на кожата и ноктите на нозете.

 

estetski pedikir

FaLang translation system by Faboba