Медицински педикир подразбира медицински третман на стопалата и ноктите, а наменет за поголемо третирање на стопалата при ихтиоза, tinea pedis, многу задебелена нокатна плоча, со цел на одржување, а не лекување, бидејќи лекувањето го советува а понатаму и го изведува лекар во подолошките центри Др ВАИС во Скопје, Ниш и Белград.

Стапалата се потопуваат во кадичка, која е наменета за овој вид на третман, во топла купка со миризлива сол. Задолжителна е употребата на заштитна хигиенска кеса, поради стерилност на кадичката. Таа овозможува озонска вибрациона масажа на стопалата. По десетминутната купка, започнува првата фаза на медицинскиот третман, односно длабоко отстранување на наслагите, а потоа следи втората фаза на сечење и длабинско обработување на ноктите.

По завршувањето на втората фаза следи дезинфекција на стопалата и ноктите, а на крајот на третманот со масажа се нанесува заштитен крем. Третманот е пријатен и трае 90 минути. Се извршува исклучиво од страна на медицинска сестра, високо едуцирана, исклучиво со стерилни инструменти, а се со цел да се спречи развој на инфекции и болести на кожата и ноктите на нозете.

 

medicinski pedikir

FaLang translation system by Faboba