Курије око настанува по долготраен притисок на кожата, особено на места каде таа се наоѓа на тврда површина, односно коска. Најчеста причина за неговото појавување е долгогодишното носење на тесни чевли, неправилно одење, деформации на стопалата... Курје окото е многу слично на брадавица, но е многу поболно на допир. Тоа претставува мртво-хиперкератолитичко ткиво што со неговиот врв навлегува длабоко во дермисот, додека брадавицата претставува вегетативна творба на кожата, односно содржи крвни садови и од тие причини кај киретрајните брадавици се јавува точчкесто крварење, додека кај курије окото тоа го нема. Овие израстоци се јавуваат во мал број, обично 1-2, брадавиците во поголем, бидејќи тие се предизвикани од вирус и брзо се размножуваат.

Што се однесува до промени на кожата на стопалата кои се предизвикани од сосема различни причини и нивниот третман е разлицен. Курије окото се лечи со една до две медицински обработки што подразбираат слоевито киретирање и можна употреба на кератолитици. Брадавици обично бараат поголем број на обработки. Покрај киретирањето се спроведува и третман со радио бранови (електрофлугурација) или со смрзнување со течен азот (криотерапија), со цел уништување на клетките погодени од хуман папилома вирусот (ХПВ).

kurj oci i bradavice

bradavice

FaLang translation system by Faboba