Tinea unguium е габична инфекција на дерматофитите на нокатната плоча.

Onychomycosis е габична инфекција на ноктите предизвикана од дерматофити, квасци и мувли.

Топлата и влажна средина е идеално место за развој на габични инфекции. Најчесто се развива во текот на летото поради зголемено потење и носење на лошо затворени или туѓи чевли, посети на базени, фитнес и спа центри. Други фактори на ризик се повреда на ноктите, лоша периферна циркулација, особено кај дијабетичарите, старост и опаѓање на имунитетот. Габичната инфекција на ноктите се карактеризира со жолтеникава или бела обоеност на ноктите, задебелување и слоевито листање. Многу често, оваа болест доведува до одвојување на ноктите од нивното лежиште. Во зависност од насоката на ширењето на габичната инфекција постојат различни клинички форми.

1. Дистална субунгуална онхомикоза
2. Проксимална субунгуална онхомикоза
3. Површна бела онхомикоза
4. Тотална дистрофична онхомикоза

Терапијата вклучува атрауматско (безболно) отстранување на заболениот дел од ноктите. Се изведува со специјални подолошки инструменти и апарати, апсолутно безболно и безкрвно. Хируршкото отстранување како варварски методи на кубење, е одамна застарена. Домашната терапија вклучува употреба на локални антимикотици, а ако состојбата бара и терапија може да се додаде и орално примање на антимикотик. Лекувањето на габичната инфекција на ноктите може да трае неколку месеци, бара дисциплина во третманот на ноктите и имплементација на домашна терапија. За жал, пациентите најчесто доаѓаат кога габичките од почетната фаза ќе се прошиат и зафатат поголема површина.

gljivicne infekcije noktiju

FaLang translation system by Faboba