Атлетско стапало е најчеста габична инфекција на кожата. Тоа се јавува почесто кај мажите, дијабетичари, спортисти и професионално кај сите оние кои се изложени на контаминирана, топла и влажна средина. Најчесто започнува во областа меѓу прстите и тоа помеѓу 3-ти и 4-ти и 4-ти и 5-ти прст. Може да се јави и во средниот дел на стопалото. Атлетско стапало може да се препознае по црвенилото на кожата, која често изгледа како да е "сварена", а е проследена и со чешање. Исто така, може да биде придружена со појава на мали меурчиња што пукаат, со појава на десквамација, хиперкератоза и пукнатини што може да бидат многу болни.

Терапија

Медицински педикир при која се отстрануваат епидермалните наслаги во кои се наможени габите.

Локаланата примена на средства за дезинфекција, антимикотични пудри, креми и масти.

Од стопалата, гливичната инфекција може да се пренесе и на препоните и глутеалната регија (Tinea aruris) или на кожата на трупот и екстремитети (Tinea corporis) или на кожата на главата (Tinea capilliti).

atletsko stopalo

FaLang translation system by Faboba