Teлоген ефлувиум е многу честа и комплексна состојба на косата, кој ги погодува сите возрасти, а почесто жените. По андрогената алопеција, ова е втора најчеста причина за опаѓање на косата и причина за барање на помош од лекар.

Нормално е околу 80-90% од влакната да се во фазата на активен раст (анагена фаза), додека остатокот е во т.н. телогена (пасивна) фаза на растењето. Кај телогениот ефлувиум се случува голем број на влака истовремено да влегуваат во оваа пасивна фаза на раст и опаѓање. Најчесто ја погодува средината на главата, ретко од страните (темпорално) и одзади (окципитално). Пациентите обично не ја губат цела коса, но таа станува дифузно тенка и слаба, а често скалпот јасно се забележлежува. Обично се чини дека косата се губи темпорално во предната линија на косата (слично на машките залистоци), пациентките субјективно наведуваат дека опавчето им го губи волуменот. Во поизразени случаи, телогениот ефлувиум влијае и на веѓите, пубичната регија и кај влакната на пазувите. Фоликулите на влакната не се трајно оштетени, но многу од нив се наоѓаат во пасивна фаза на раст одколку што е нормално. Од оваа причина, што порано се започне со терапијата, толку е поголема можноста да се забави или запре губењето на косата, а влакната да се вратат во активна фаза на раст. Постојат два облика на болеста: кај едиот облик опаѓањето на косата настапува наеднаш и најголемиот дел од косата се губи веќе во првите два месеци од појавата на телогениот ефлувиум (акутен облик), а вториот, каде влакната постепено опаѓаат, влегува подолго во својата пасивна фаза на растот, така што времето на опаѓање трае околу 6-8 месеци (хроничен облик), по што се смирува.

Зошто доаѓа до настанување на телоген ефлувиум?

Има толку многу различни фактори што ја предизвикуваат оваа состојба. Класичниот телоген ефлувиум се јавува по породувањето. Естрогенот што интензивно се излачува во текот на 9-те месеци од бременоста има многу позитивен ефект врз растот на косата и ја продолжува на анагената (активн) фаза на растот на косата. По породувањето, се намалува лачењето на естроген и косата сега влегува во пасивна фаза. Сите влакна што синхронизирано би требало да опаднат во текот на деветте месеци, одеднаш почнуваат да паѓаат, што доведува до телоген ефлувиум. Повеќето жени по само неколку месеци успеваат да се справат со овој проблем и да го повратат волуменот на својата коса.

Одредени лекови доведуваат до хроничен телоген ефлувиум, како што се антидепресивите, бета блокаторите, антиепилептици... Одредени состојби, како што се вакцинации, операции, висока температура, може да доведат до телоген ефлувиум.

Физиолошки ефлувиум е сезонски губење на косата. Најчесто се јавува по летниот период, кога влакното ја продолжува фазата на растење, за да не заштити од силното летно сонце. Затоа на есен поголем број на влакна влегуваат во фаза на опаѓање и може да трае и до 100 дена.

Важно е да се нагласи дека телогениот ефлувиум на било која етиологија е една реверзибилна состојба, по што косата се обновува.

Важно е да се знае дека телогениот ефлувиум може да биде поврзан со други состојби што ќе доведат до губење на косата, обично од тип на андрогена алопеција и алопеција ареата.

 

telogeni efluvijum

FaLang translation system by Faboba