Себороичен дерматитис е хронично заболување на кожата кое е проследено со појава на црвенило и перутење (лупење), а понекогаш и со благо чешање.

Причината за појавата себороичен дерматитис не е позната, но се смета дека е поврзана со зголемено производство на себум и развојот на габички рityrosporum ovale (ново име за мalessezia furfur). Почесто се јавува кај лица со генетска предиспозиција. Значајна улога имаат и имунолошките заболувања, па влошувањето на симптомите се забележани во состојба на стрес и зголемено оптеретување на организмот. Состојбата се влошува и при суво и студено време, консумирање на алкохол и солена храна. Болеста се јавува во пубертетот, како последица на зголемена синтеза на андрогинот и зголемување на производството на себум, а најизразена е во средните години. Болеста зафатила околу пет проценти од населението, а почеста е кај мажите отколку кај жените. Се јавува и кај новороденчиња, но во тој случај е од минлив карактер и симптомите исчезнуваат по неколку месеци.

На скалпот се појавуваат јасно ограничени розово-црвени полиња прекриени со масни жолтеникави лушпи кои се дебели и тешко се отстрануваат. Промените може да се прошират на челото, вратот или зад ушите. Себороичниот дерматитис може да ги зафати и ивиците на очните капаци (себороичен блефаритис). Ивиците на очните капаци се црвени, покриени со лушпи, а често се јавува и опаѓање на трепавиците. Како компликација може да настане бактериска суперинфекција, па црвенилото станува поизразено, чешање е поинтензивно и се јавува непријатен мирис. Поблага форма на болеста е првут во косата без црвенило. На заболената кожа и годи умерена изложеност на сонце, па во текот на летните месеци симптомите се ублажуваат или се повлекуваат.

Поради перутењето на кожата луѓето посегнуват по масни креми, но со нивната употреба се зголемува лачењето на маснотии и се влошува состојбата. Терапијата вклучува употреба на антимикотици и анти-инфламаторни лекови, како што се кортикостероидите. Шампонот со кетоконазол се користи два пати неделно, до повлекување на промените, а потоа превентивно еднаш неделно. Ефикасни се и шампоните со цинк пиритион или селен-сулфид. За промените на кожата се користи метронидазол, кетоконазол и миконазол во форма на крем или гел. При бактериска инфекција се користи антибиотик крем. Со цел да се олесни отстранувањето на дебелите лушпи, се применуваат кератолитици. Како системска терапија се користи тетрациклини, а во потешки случаи, орални контрацептиви и краткотрајно кортикостероиди. Бидејќи заболувањето е од хронична природа, терапијата треба да се повтори.

Контактен дерматитис

Контактен дерматитис е ифламаторна состојба на кожата предизвикана од контакт со одредена супстанција. Иритацијат може да е предизвикана од прекумерна и неоправдана употреба на медицински шампони, хемикалии и препарати за избелување и трајо виткање на косата, мириси и конзерванси во козметичките производи за нега на косата. Најчеста причина што предизвикува контактен дерматитис е алергија на некоја од боите за коса. За превенција, потребно е да се направи алерго-тест, 48 часа пред боењето на косата. Освен промената на скалпот, може да се јави и оток на очните капаци. Ако се појави алергија, потребно е да се консултирате со лекар за да се утврди точната причина и да се избегне повторен контакт со алергенот.

Воспалителни, незаразни болести на главата, како што се себороичен дерматитис и псоријаза на скалпот, се повеќе естетски проблем и може да бидат причина за големо незадоволство на пациентот.

 

 

seboroicni dermatitis

FaLang translation system by Faboba