Алопеција ареата претставува локално ограничена површина во форма на кружни, јасно ограничени области каде што недостигаат влакна и се смета дека е доминантен тип на наследување.

Етиопатогенеза - (потекло и развој), за жал, не е целосно разјаснета, бидејќи факторите што водат до алопеција ареата се разлини. Во околу 25% од случаите се работи за генетски предиспозиции и се смета дека е доминантен тип на наследување. Емоционален стрес, постојана напнатост, нарушена исхрана и многу други фактори може да бидат само причина за манифестација на симптоми на болеста. Најчесто се толкува како автоимуна болест, иако не се откриени специфични антитела, освен индиректни докази во форма на перибулбарна лимфоцитна инфилтрација, здружувањето на алопеција ареата со автоимуни заболувања (тироидитис, алергии, атопија, астма ...), чест наод на различни органски специфични антитела и растење на косата по примање на кортикостероиди. Фокалозата и ензимопатијата може да бидат причинители.

Кај случајот на алопеција ареата доаѓа до рано преминување на анагена (фаза на активен раст) во телогена (фаза на мирување) фоликула, што е проследено со опаѓање на косата. Во зависност од оштетувањето, фоликулите може да се создадат нормални или дистрофични влакна, а во најтешката фаза влакната воопшто не се појавуваат. Сепак оштетените фоликули имаат потенцијал да се регенерираат, па повторното растење на косата може да се јави и кај долготрајниот облик на болеста.

Клиничка слика - алопеција ареата може да се појави во раното детство, но обично првите промени се јавуваат од петтата до триесеттата година. Почесто заболуваат жените отколку мажите, а првите промени се јавуваат во косата, но може да се појават и кај вегите, трепавиците, кај мажите и а брадата, како и на заболената кожа. Во активната фаза на болеста од работ на заболените површини влакната лесно се извлекуваат и межу тие влакна може да се појават и влакна од типот на “извичник“. Во потешки форми, косата опаѓа и на оддалечените, клинички непроменети региони, што е лош прогностички знак.

Ophiasis (офијаза) - доаѓа од зборот “Ophis“ – “змија“ и претставува ширење на алопецијата по должината на ивиците на капилициумот. Ова е знак на сериозна форма на АА, бидејќи ова доведува до алопеција тоталис.

Алопеција тоталис - е целосно губење на косата, додека влакната на телото се зачувани и обично започнува со кружни печати што брзо се прошируваат и слеваат.

Алопеција универзалис - е најтежок облик поради тоа што опаѓа косата, брадата, веѓите, трепавиците, аксиларните (пазувите), пубичните (срамните) и ситните влакна. Кожата е бледа и атонична.

Алопеција тоталис и алопеција универзалис се нарекуваат и малигни алопеции, бидејќи спонтаниот раст на косата ретко се случува.

Во тешките форми на алопеција се појавува и промена на ноктите што се лонгитудинално избраздени со искршени рабови, а може да се јават и промени на очите во форма на катаракта.

Текот на алопеција ареата е непредвидлив, а рецидивите се јавуваат речиси кај сите пациенти (треба да се следат и повеќе од дваесет години). АА е ограничена и по шест месеци има добра прогноза. Прогнозата е полоша кај пациенти кои заболеле пред пубертетот, кај атопичарите и кај офијазата. Кај полесните ограничени облици, косата расте спонтано по три до пет месеци, најпрво во центарот а жариштето, во форма на лануго влакна, кои потоа зајакнуваат и потемнуваат, а периодот на ремисија може да биде долг (неколку години). За разлика од нив, кај тоталната и универзална алопеција, спонтаниот раст на косата е извонреден, а било каков вид на терапевтскиот успех се постигнува само во 20% од случаите.

Диференцијално дијагностички, АА треба да се разликува од lupus erythematodes discoides и pseudopelade, која се карактеризира со појава на атрофии во форма на лузни.

Лекувањето претежно е симптоматско и зависи од аамнезата и скеероскопскиот наод.

 

alopecia areata

FaLang translation system by Faboba