PDT (Photo Dynamic Therapy) и LED (Light Emitting Diodes) се резултат на современата фото динамична технологија, која поттекнува од научните истражувања на НАСА, според кои различните светлосни бранови должини влијаат на активноста на фибробластите со зголемување на нивната дејност и до пет пати.

PDT ја активира цитохроматската Ц-оксидаза во митохондриите на клетките, произведувајќи енергија за забрзана синтеза на ДНК и РНК, како и отстранување на мртвите клетки на епидермисот. Како високо-технолошки производи PDT - LED системот ја користи светлината 99% од чистота, 640нм (црвена) и 415нм(сина) со можност од комбинирана терапија. Затоа и полето на индикации е многу големо, акни, изгореници, рани, алопеција, различни форми на дерматитис, розацеа, витилиго, псоријаза, лузни, дамки, стрии...

Црвената светлина на LED светилката (ламбата) селективно се апсорбира од структурите на пигментот и крвните садови што доведува до горенаведените механизам на дејство, до регенерација и подмладување на кожата.

Сината светлина ги инхибира воспалените процеси предизвикани од Acne Bacillusom. Под влијание на светлината се активира порфирини што содржат Propinoni Bacterium Acnes и во тој процесот на на хемиска деактивација се ослободува голема количина на реактивен кислород што претставува отровна околина за Propinoni Bacterium Acnes. Убивањето на бактериите доведува до отстранување на воспалителните процеси на кожата кои на скалпот може да бидат во форма на посебни т.н. Foliculitis chinchila, што доведува до развој на атрофична форма на алопеција, бидејќи тоа предизвикува промени со лузни од кои косата повеќе не расте.

pdt led

За разлика од повеќето третмани за подмладување на кожата кои предизвикуваат оштетување на сврзното ткиво, LED технологија ја зајакнува природната сила на организмот, без било какви штетни ефекти врз здравјето, за разлика од УВА и УВБ зраците.

Како непобитен доказ на позитивната PDT био-стимулација во сите патолошки состојби на скалпот и косата (капилициумот) Др ВАИС со гордост во прв план ги става своите илјадници пациенти, кои со помош на новите процедури го решиле својот проблем во еден од трите капиларна центар Др ВАИС.

FaLang translation system by Faboba