EMBRIONI RICCI DI MARE – Ембриони морски ежиња (шампон и ампули)

embrioni ricci di mareПроизводите се на база на гонадотропниот екстракт од морски ежиња кои имаат примарно регенеративно дејство на фоликулот на влакото намалувајќи го опаѓањето на косата со секударен ефект против создавањето првут. Овој ембрион екстракт со моќен биоактивни ефект на кожата на главата (скалпот), доаѓа од длабочините на морето, еколошки најчистита сфера, па и неговата примена во лекувањето на многу заболената хиперсензитивна кожа на скалпот во моментов е хит во светот. Во источните земји (Јапонија, Кина...) овој освежувачки и енергетски екстракт е познат како еден вид на кавијар и се користи поради неговите исклучителни регенеративни и ревитализирачки ефекти во лекувањето на многу болести на кожата (рани, мозолчиња, красти, за брзо смирување и лекување на иритацијата и оштетените предели).

PAPРA REALE - Матичен млеч со додаток од жен-шен и папаја

papa realeШампонот и ампулите PAPРA REALE претставуваат третман базиран на матична млеч, жен шен и папаја, со што се подмладува кожата на главата и се спречува опаѓањето на косата. Матичната млеч ја регулира секрецијата на лојните жлезди, го зајакнува влакното хранјеќи го со силни антиоксиданти. Жен шенот ја подобрува циркулацијата при што овозможува подобро потхранување на самото влакно. Папајата содржи многу витамини и минерали како витамин А, Е и Ц, калциум, железо и магнезиум. Со редовно користење се спречува опаѓањето и косата има повеќе волумен и цврстина.

PLACENTA

placentaАмпулите и шампонот содржат растителен планцентарен протеин кој има силно ревитализирачко дејство, предизвикувајќи клеточна активација на ниво на фоликулот на влакното и дермисот, а исто така покажува и себорегулаторен ефект. Присуството на кератин и глицерин овозможува косата подолго да ја задржи формата.

FaLang translation system by Faboba