Анаген ефлувиум се манифестира со енормно опаѓање на косата.Понекогаш доаѓа до потполно губење на косата.

Нормалното човечко влакно може да се класифицира на основа на три фази на раст: анагена, катагена и телогена.Анагена фаза на раст е кога клетките на матриксот покажуваат интезивна митотичка активност.Од 100 000 влака на просечен капилицијум дури 85-90% се наоѓаат во фаза на раст во било кој момент.Поради тоа анагениот ефлувиум афектира голем процент од капилициумот.

Анагениот ефлувиум се јавува кога некој инсулт на фоликулот на влакното ќе ја поремети неговата митотичка или метаболичка активост Почеток на анагениот ефлувиум е многу брз.Кај некои особи паѓаат цели сопови во првите две недели.

Цитотстатици и разни токсини и отрови го ихибираат брзиот раст и размножување на клетките. како последица настанува застој на продукцијата на влакното.Цитостатиците делуваат толку брзо и толку се моќни што фоликулите немаат време да влезат во телогена фаза како кај телоген ефлувиум кој е вообичаен одговор на просечните надворешни негативни влијанија на циклусот на влакното.

Влакната опаѓаат многу брзо и имаат дистрофичен изглед Губењето на косата обично почнува 7-14 дена после само една доза на хемотерапија Паѓањето на косата е клинички највпечатливо осле 1-2 месециСо цитостатиците ,степенот а губиток варира од особа до особа.Некои лица имаат комбинација на телоген и анаген ефлувиуми лимитиран губиток на коса. Анагениот ефлувиум е посериозен кај оние кои примаат комбинација отколку кај оние кои примаат еден вид.Сериозноста на опаѓањето зависи и од дозата.

Други медикаменти кои можат да предизвикаат анаген ефлувиум се бизмут,леводопа,циклоспорин.Изложеност на хемикалии како талиум, арсен, радиоактивен јод можат да предизвикаат анаген ефлувиум.Инаку оваа состојба може да биде последица и од зрачна терапија.Во тој слуај губитокот е локален само на таргет регијата на применото зрачење.

Диета и хипопротеинемија може да бидат причина за анаген ефлувиум.Анагениот ефлувиум исто така може да се јави кај лица со алопециа ареата како резултат на процес на воспаление кој го напаѓа матриксот на фоликулот а влакното.

Секој ден на кожата на главата имаме :

Влакна кои растат (анагена фаза која трае 3-6 години)
Влакна кои умираат (катагена фаза на инволуција на влакната која трае 3 недели)
Влакна кои опаѓаат, до 100 влакна девно (телогена фаза на мирување и опаѓање 2-3 месеци)

На местото на паднатото влакно се развива ново, кое во нормални услови расте 0.3 мм девно и така од еден фоликул расте 25 циклуси односно генерации влакна ,о од пубертет па натака квалитативниот и квантитативиот живот на влакнот се скратува од дејство а ендогени и на егзогени фактори.

 

anageni eflumijum

FaLang translation system by Faboba